СЗО: Од вкупниот број на заболени од коронавирус 14 отсто се медицински лица

На денешниот редовен брифинг во седиштето на СЗО во Женева директорот Тедрос Агханом Гебрејсус ја истакна и пофали работата на здравствените работници ширум светот.
-Пандемијата сите нѐ потсети на херојската работа на здравствените работници, кои секојдневно се борат против пандемијата. Во светот ги има само три проценти, но сочинуваат 14 отсто од заболените во вкупната популација, рече Тедрос, пренесе ТASS.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.