СЗО почна разговори со Москва за проверка на руската вакцина

Светската здравствена организација (СЗО) за Европа соопшти дека започнала разговори со Русија во обид да добие повеќе информации за експерименталната вакцина против Ковид-19, која Москва неодамна ја одобри.
Минатата недела Русија беше прва на светот што ја лиценцираше вакцината против коронавирусот. Меѓутоа, големо кршење на научниот протокол е дека вакцината не го минала на потребното проширено клиничко испитување пред давањето лиценца, кое е потребно за да се докаже делотворноста.
Руските власти тврдат дека вакцината ќе обезбеди траен имунитет на Ковид-19, но за тоа не понудија докази.


Кетрин Смолвуд, висока функционерка во СЗО задолжена за вонредни состојби , рече дека СЗО започнале „директни разговори“ со Русија и дека официјалните претставници на Организацијата ја известиле Москва за „серија чекори и информации потребни за СЗО за проценка“ на вакцината.
Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге изјави дека СЗО го поздрави напредокот во развојот на сите вакцини, но дека секоја мора да достави клиничко испитување.
Клуге истакна дека Русија има долга историја на развој и употреба на вакцини, вклучително и против жолта треска и детска парализа.
– Загриженоста за безбедноста и ефикасноста на вакцините не се однесува само на Русија, туку за сите кои се во развој, рече Смолвуд.
Таа потврди дека СЗО се обидува да го забрза развојот на вакцините против коронавирусот, но рече дека сепак од „суштинско значење е да не се оди по покусиот пат кога станува збор за безбедност или ефикасноста“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.