СЗО: Светот не e подготвен за глобална пандемија!

Светот не е подготвен за глобална пандемија, која ако евентуално се случи, би можело за 36 часа да однесе животи на 80 милиони луѓе и да го урне глобалниот бруто домашен производ, за пет проценти, предупреди Светската здравствена организација.


Некој респираторен патоген, кој брзо се шири би можело да се закана за голем дел на светската популација и потенцијално да убие милиони луѓе, а би била загрозена популацијата на целата планета, се наведува во првиот извештај на Одборот на СЗО за контрола на глобалната подготвеност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.