СЗО со официјално предупредување: Не користете Ибупрофен ако имате симптоми на коронавирус

Луѓето кои се сомневаат дека се заразиле со новиот коронавирус не треба да земаат Ибупрофен, без да се конслутиораат со лекар. Тоа го соопшти СЗО фокусирајќи се на студија за можен негативен ефект од тој лек, јави ДПА
Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, на прес-конференција во Женева изјави дека претходните студии не откриле врска на ибупрофен со зголемено ниво на смртност, но додаде дека експертите во моментов вршат испитување.
-Доколку сами се лекувате препорачуваме Парацетамол, а не Ибупрофен, нагласи тој. Изјавата беше дадена откако француски експерти предупредија за несакани последици од употреба на ибупрофен, аспирин и други лекови против Ковид-19.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.