Сигмар Габриел: „Она што Нетанјаху и неговата влада го прават во Газа е воено злосторство“

– Поранешниот министер за надворешни работи на Германија, Сигмар Габриел, изјави дека она што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелската влада го прават во Газа претставува воено злосторство.Габриел за порталот „Пионер“ (Pioneer) изјави дека Нетанјаху бил еден од оние на кои војната му е потребна за да ја задржи премиерската функција и дека ќе си замине од фунцијата оној ден кога ќе заврши војната.Укажувајќи на одговорноста на премиерот Нетанјаху за израелското водење на војната и она што се случува во Појасот газа, Габриел рече дека во Газа се случило воено злосторство.„Она што Нетанјаху го стори, она што израелската влада го стори таму, е воено злосторство. Она што Хамас го стори, исто така е воено злосторство. Тоа е страшно, меѓутоа, израелската влада во Газа не изведува операции само против Хамас, туку предизвикува и неверојатни цивилни жртви“, истакна Габриел.Поранешниот министер за надворешни работи на Германија напомена и дека Израел ја прекршил Хашката конвенција и дека за тоа не може да има оправдание.

Пронајдете не на следниве мрежи: