Силен земјотрес и денеска стресе делови од Турција

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди западна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот бил на длабочина од 1,8 километри, додава EMSC.

Епиценарот се наоѓал на 107 километри југозападно од Анталија.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи: