Силен земјотрес ја погоди Јапонија неколку часа пред Нова година

Земјотрес со интензитет од 6,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија во среда околу 15:26 часот по локално време.

Епицентарот на земјотресот е во Тихиот Океан, во близина на источниот брег на јапонскиот остров Хоншу, а длабочината била 19,3 километри, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). 

Не беше издадено предупредување за цунами.

Јапонија се наоѓа по должината на огнениот прстен во Тихиот Океан, регион кој е високо сеизмички активен, а земјата има обемен систем за следење и известување за вонредни состојби.

Пронајдете не на следниве мрежи: