Силна експлозија во рускиот гасовод – „голема огнена топка“ се издигнува кон небото

Масивна експлозија се случи на гасовод во Русија – втора по ред во последните десет месеци.Аматерска снимка покажува „огромна огнена топка“ која се издигнува кон небото во Јамбург ЈелетсПричината за експлозијата се истражува, а таа се случи во време кога се вршат серија напади со беспилотни летала од страна на Украинците врз енергетската инфраструктура на Русија, пренесува Телеграф.Од друга страна, Киев ретко презема одговорност за вакви напади внатре на територијата на Русија.И оваа експлозија се случи во близина на селото Ликам во Канти Манси во сибирскиот регион.Овој гасовод го снабдува полуостровот Јамал и северните делови на Сибир и Русија. Засега нема информации за штети.Во јануари, Украинците успеаја да ја искористат својата флота од беспилотни летала за да нападнат нафтена рафинерија длабоко во руската територија.Украинската СБУ ја погоди нафтената рафинерија што ја користи руската нафтена компанија Роснефт во Туапсе, град на Црното Море недалеку од украинската територија. 

Пронајдете не на следниве мрежи: