среда, 18 ноември 2026
Најново

Силни експлозии одекнуваа, воздушната одбрана дејствуваше цела ноќ! Има мртви и ранети, Украина започна моќен напад врз рускиот град Белгород! (ВИДЕО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во украински ракетен напад во рускиот град Белгород во близина на границата, две лица загинаа, а петмина беа ранети , изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

Во видео објавено на Телеграм, Гладков рече дека мажите кои загинале ги обновувале оштетените мрежи за греење и електрична енергија во градот. Реконструкцијата ќе продолжи во сабота бидејќи било премногу опасно да се работи ноќе, рече Гладков.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој претходно изјави дека нападот предизвикал сериозна штета на електраните и дека е прекинато снабдувањето со електрична енергија, греење и вода. Три станбени згради во градот претрпеа штета.

Неофицијалниот Телеграм канал SHOT објави дека жителите пријавиле серија гласни експлозии во градот и дека воздушната одбрана е во функција.

Белгород, кој се наоѓа на околу 40 км од границата, често е цел на напади од страна на украинските сили.
The post Силни експлозии одекнуваа, воздушната одбрана дејствуваше цела ноќ! Има мртви и ранети, Украина започна моќен напад врз рускиот град Белгород! (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.

Поврзани вести