Славчо Попоски најавува дека во временскиот период од ноќта помеѓу 8 и 9 април 2025 година, времето ќе биде јасно и исклучително студено, што е атипично за април месец. Температурите ќе бидат значително под просекот, намалени за повеќе од десет степени. Во текот на вечерта и утринските часови, температурите ќе опаѓаат и ќе достигнат вредности од минус девет до еден степен Целзиусови. Особено ладно ќе биде на планините, каде што температурите може да паднат под минус десет степени. Овие изразито ниски температури повторно ќе придонесат кон формирање на мраз, што ќе има негативно влијание врз овошките и цутечките дрвја. Понатамошното понижување на температурите се очекува и во текот на вечерта од 9 кон 10 април, после што се предвидува постепен пораст на температурите и во ноќните и во дневните часови.
Пронајдете не на следниве мрежи:


