Силно снежно невреме се движи кон Вашингтон

 Американската влада ги затвори своите канцеларии во Вашингтон во очекување на големо снежно невреме, кое, според проценките, би можело да биде најголемо во последните две години.Владата објави наредба 375.000 работници да не доаѓаат на работа во Вашингтон. Во таа област повеќето училишта се затворени во очекување на доаѓањето на невремето, проследено со налети на ветер со брзина од 56 километри на час.Авиокомпаниите откажале околу 1.500 летови.Снежното невреме зафатило неколку држави на северот на САД и се движи кон Вашингтон, а снежните врнежи предизвикаа проблеми во патниот и авио сообраќајот.Повеќе американски сојузни држави, од Минесота на северот до Вирџинија на истокот се наоѓаат на ударот на ова невреме. Во Монтана висината на снежната покривка достигна 60 сантиметри.
Макфакс Американската влада ги затвори своите канцеларии во Вашингтон во очекување на големо снежно невреме, кое,

Пронајдете не на следниве мрежи: