Силјановска Давкова: Наместо да нѐ поддржуваат, соседите ни ставаат вето за ЕУ

Она што Обединетите нации се за светот, Европската унија е за Европа – мултилатерален проект со една врвна цел – мир на континентот. Тоа го постигнува преку проширувањето врз основа на Kопенхагенските критериуми – демократија, владеење на правото, човекови права и слободи, и пазарна економија, истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова, обраќајќи се на Годишниот самит на Конкордија, што се одржува денеска во Њујорк.

– Европската унија не може да го брани мултилатерализмот во светот ако го изневерува на својот континент. Проширувањето не е техничко прашање, туку тест за тоа дали ЕУ ќе го одбере патот на concordia или discordia, дали ќе биде Унија на правила и стандарди, или Унија на двојни стандарди и контрадикции – кажа претседателката.

Таа истакна дека ако регионот на Западен Балкан сака да биде дел од ЕУ мора да се поддржува меѓу себе.

– Ако регионот сака да биде дел од ЕУ, мора да се поддржуваме и да се разбираме еден со друг. Како можеме да очекуваме да бидеме разбрани од ЕУ, ако не се разбираме меѓу себе. Треба да се разбираме и поддржуваме, онака како што Шведска, Данска и Норвешка го правеа за балтичките земји. Тие апсолутно ја поддржуваа нивната евроинтеграција и резултатот е очигледен. Но, за разлика од нив нашите соседи често користат вето, а за членство е потребен консензус и ако една земја не се согласува, не можете да станете членка на ЕУ – рече Силјановска Давкова.

Пронајдете не на следниве мрежи: