Симона Попоска открива интима: „Сакам кога ме чешкаат“

Македонската пејачка Симона Попоска, покрај естрадната кариера студираше медицина и стана лекар, иако белиот мантил го носи само во еден од најпознатите центри за убавина, каде во моментов работи.
Она што и се случува и што го нуди на естрадната сцената на сите кои ја следат истата им е веќе познато.
Како изгледа згодната и атрактивна докторка и во бел мантил и откако ќе го соблече, исто така не е непознато.
Но, нејзиниот приватен живот како малку да е ставен настрана од јавноста, што можеби и е природно за познатите личности, особено естрадните, на кои добар дел од животот ионака им е доволно јавен, па веројатно сакаат да сочуваат едно парче од својата интима само за себе и најблиските.


Затоа секоја коцка од „интимниот мозаик“ на познатите која луѓето ќе успеат да ја откријат, им е многу интересна, па така е и со животот на сексапилната пејачка и докторка.
Сепак, неодамна Симона Попоска преку “Слободен печат“ на јавноста реши да и открие барем пет коцкички од својот „интимен животен мозаик“. Пет нешта кои јавноста за неа не ги знаеше. Затоа читајте внимателно, Д-р Симона Попоска има нешто да ви каже:
Ретко кој знае дека свирам на виолина
Мразам брзо возење
И во лето спијам со чорапи на мене
Сакам кога ме чешкаат
Важам за човек кој секогаш доцни, но веќе го поправив тоа, па ете, на тие што ме знаат и ќе прочитаат, можеби ќе им биде чудно (ха,ха, ха…).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.