Симпатичен гаф на BBC: Водителка трчаше по роботска камера во студио

Водителката Викторија Валентајн на BBC доживеа гаф за време на вклучувањето во живо, а снимката од нејзината „трка“ со камерата ја сподели на Twitter.

Необичниот проблем ѝ се случи на водителката на британскиот јавен сервис кога една од роботските камери реши да „тргне по својот пат“.
Додека првично водителката беше во фокус, камерата се префрли на другата страна и водителката мораше да трча по неа за да остане во кадар.
На крајот, камерата се фокусираше на водителската маса, каде што мораше да се пресели и Викторија.

„Здраво, почнуваме со ски-центар во Швајцарија“, започна водителката, но за да стигне до камерата мораше да ја прекине презентацијата.

„Знаете што, останете со мене. Ова понекогаш може да се случи“, реча водителката додека ја бркаше камерата и се пошегува: „Еве доказ дека снимаме во живо“.
Викторија сподели видео од необичната ситуација на Twitter и во описот им се заблагодари на ладните глави во режијата што направија сè за да изгледа како дел од сценариото. Во коментарите водителката беше пофалена за нејзината реакција и ѝ порачаа дека со несекојдневната ситуација се справила како вистински професионалец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.