Симсонови го предвиделе Коронавирусот уште во 1993 година!

Фановите на Симсонови веруваад дека долгогодишната анимирана серија го предупредила светот за коронавирусот уште пред повеќе од 2 децении.
Како доказ ја наведуваат епизодата од 1993 година во која се работи за вирус наречен Осака Флу кој се шири низ Спрингфилд, откако жителите нарачале блендери од Јапонија.

Во епизодата еден од работниците кој ги пакувал блендерите во кутии во Јапонија, се разболел и случајно го пратил вирусот во САД. „Ве молам, немојте да му кажете на мојот надзорник дека имам грип“, кажал тој пред да се искашла во кутијата. Потоа откако блендерите стигнале во Спрингфилд, повеќето жители се разболеле.
Иако вирусот дошол од Јапонија наместо од кинескиот град Вухан, фановите на Симсонови го „запалија“ Твитер со реакции. „Симсонови повторно успеаа“, е само еден од коментарите за серијата која често има точни пророштва.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.