Италијанскиот тенисер Јаник Синер се квалификуваше во осминафиналето на Мастерсот во Мајами , победувајќи го Французинот Корентин Муто со 2:0 (6:1, 6:4).
Во овој натпревар, Синер го сруши неверојатниот рекорд што пред 10 години го постави најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ . Имено, со 25-тиот и 26-тиот освоен гем по ред на турнирите од серијата 1000, Италијанецот го надмина рекордот на Новак од 24 освоени сета по ред.
„Многу сум среќен. Овој спорт е непредвидлив, се обидуваме да го задржиме фокусот колку што можеме и ќе видиме што нè очекува во следната рунда“, рече Синер по натпреварот.
Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот:
Во следната рунда, Синер ќе игра против Американецот Алекс Микелсен, кој го победи Алехандро Табил со резултат од 3:6, 6:3 и 6:4.
The post СИНЕР ГО СРУШИ РЕКОРДОТ НА ЃОКОВИЌ! Историска победа на Италијанецот во Мајами! appeared first on Во Центар.



