Синот на Цеца откри дека неговата мајка ќе стане најсреќна на целиот свет

Синот на познатата пејачка Цеца веќе неколку месеци е верен со својата свршеница Богдана Родиќ, а Вељко досега нема изјавено ништо во врска со свршувачката.
Но, по еден негов боксерски меч на кои беа заедно тој реши за прв пат да се огласи и да откри што изненадување и подготвуваат на Цеца.


-Богдана и јас одлично се сложуваме, таа е многу убава девојка. Таа е мојата среќна ѕвезда и таа е тука пред секој меч да ми даде поддршка и да ми ги бакне двете раце. Многу се пишува за нашата врска и за нашите родители, затоа наместо да се измислуваат работи за нив кој не ги кажале, еве јас ви признавам дека се надевам во блиска иднина ќе имаме принова, вели Вељко.
Тој додава дека прво сакаат бебе, а потоа свадба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.