Синоќа земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2,8 е почувствуван синоќа во 21:17 часот од населението во Струмица, Валандово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, се наоѓал на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица. Регистриран е од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево./МИА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.