Синоќа поплава на “Илинденска“

Синоќа околу 19:30 часот на булеварот “Илинденска“ во близина на трговскиот центар Скопје Сити Мол заради пукната цевка имаше голема поплава, а водата се ширеше со огромна брзина. Според соопштението на ЈП “Водовод и канализација“ корисниците од неколку улици во Скопје заради дефектот од синоќа имаат прекин во водоснабдувањето.
Уличниот дефект се случил на булеварот “Илинден“, на крстосницата со улица “Манапо“, а до прекин во водоснабдувањето дојде на улиците: “Лубланска“, “Манапо“, “Струма“, “Огражден“, “Драгиша Мишковиќ“, “Роберт Кох“, “Трифун Пановски“, “Радика“, “Карпошево Востание“, “Никола Русински“ и “Бледски Договор“. На дел од булеварот “Партизански одреди“ на потегот од крстосницата со “Лубланска“ до крстосницата со “Манапо“ од 20:15 часот до завршување на приклучокот водоснабдувањето е со намален притисок.
На Фејсбук се огласија од Град Скопје.
-Ве известуваме дека на булевар “Илинден“ во близина на ПроКредит Банка и Сити Мол, има голем дефект, пукната е водоводна цевка F400. Екипите на ЈП “Водовод и канализација“ веќе се на терен и започнаа со санирање на дефектот, известија од Градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.