сабота, 28 ноември 2026
Најново

Синоќа четворица приведени заради марихуана

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Четири момчиња синоќа на различни локации завршија со лисици на рацете, кај сите била пронајдена марихуана.
Во 22.10 часот полициски службеници од СВР Скопје, во селото Брњарци ги лишиле од слобода Б.Б.(19) и Е.Б.(24), двајцата од Арачиново, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.
Во 22.50 часот полициски службеници од СВР Скопје, на булеварот „Партизански одреди“ го привеле Б.Ѓ.(23) од Битола, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Претходно во 20.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Цветан Димов“ го привеле Е.Љ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
По документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Поврзани вести