Синџирите едвај го додржаа здолништето и топот, а долната облека изостана: Милица со оваа комбинација ја „запали“ сцената

Милица со „жешки“ движења на сцената ја истакна и својата привлечност, а фановите, судејќи според снимките од настапот, беа воодушевени од ова издание на пејачката.
Пејачката Милица Павловиќ со право важи за една од најзгодните sвезди на српската естрада. Синоќа таа настапи во еден бар во Белград и ја доведе атмосферата до вриење, и со бројните хитови и смелиот стајлинг.


Имено, Милица на настапот се појави во зелено здолниште и топ што ги истакнуваше нејзиното витко тело и облини, додека многумина се прашуваа дали има долна облека.
Милица со „жешки“ движења на сцената ја истакна и својата привлечност, а фановите, судејќи според снимките од настапот, беа воодушевени од ова издание на пејачката.


Пејачката пред настапот објави два видеа на својот Инстаграм профил, во кои ја сними провокативната облека и доби многу комплименти.
„Презгодна“, „Жено, гориш“, „Ова е толку лелееее“, „Предобар стајинг“, „Сè ти стои“, се само дел од коментарите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.