Син и ќерка натепале татко, жена го нападнала поранешниот сопруг: Низа пријави за семејно насилство во последните 24 часа

Во последните 24 часа уапсени се три лица, а со четири лица е извршен разговор од страна на полицијата за семејно насилство, соопшти МВР.

На 17.04.2026 во 06:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ж.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 05:30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Кисела Вода, а ѝ во изминатите неколку дена му упатувал закани на неговиот 64-годишен татко, при што користел и нож. При преглед кај него бил пронајден ножот, како и дробилка со остатоци од марихуана. 

На 18.04.2026 во 00:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 44-годишната М.П. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.04.2026 околу 19:30 часот на подрачјето на Карпош упатувала закани на нејзиниот 64-годишен поранешен сопруг и нивните деца. Според пријавеното, тој ѝ во изминатиот период трпел психичко и физичко насилство. При извршен преглед кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. 
На 17.04.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена пријавила дека на 16.04.2026  околу 22:00 часот во семејната куќа на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје била физички нападната од нејзиниот брат Р.М.(40). Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со пријавениот. 

На 17.04.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, 76-годишен маж од Скопје пријави дека на 16.04.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот 50-годишен син Г.П и неговата  46-годишна ќерка С.П.. Според пријавеното, тој ѝ претходно трпел психичко и физичко насилство, но досега немал пријавено. По преземени мерки, во 20:20 часот  полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со синот и ќерката.

На 18.04.2026 во 01:30 часот во СВР Охрид е извршен службен разговор со В.С.(46) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 39-годишна сопруга дека во последно време физички го напаѓал нивниот малолетен син за време на викендите кога бил кај него согласно решението на Центарот за социјални работи Охрид. Според пријавеното, последен пат тоа се случило на 17.04.2026 околу 22:00 часот. 

На 17.04.2026 во 20:15 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода Е.М. од гостиварско село, постапувајќи по претходни пријави дека упатувал закани кон неговата 35-годишна поранешна партнерка и нејзиното семејство. 
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Пронајдете не на следниве мрежи: