Сируп од виски и болката во грлото ќе исчезне

Според една статија од магазинот „Time“, објавена во 1941 година, вискито е еден од најдобрите лекови против болки што му се познати на човештвото.
Во оваа статија, двајца доктори тврдат дека мала количина од овој алкохолен пијалак може да ја намали болката за 45% за само два часа.
Овој едноставен рецепт со мед ќе му помогне на грлото и е вистински природен разредувач на слузта во белите дробови.
Сепак, бидете внимателни, бидејќи може да дехидрирате од премногу виски, а тоа никако не ви треба, особено кога сте болни.


Потребни состојки:

0,5 децилитри виски
половина лимон
една чаша вода (по желба)
1 лажица мед
Начин на подготовка:

Измешајте виски, лимонов сок и вода (ако ја користите) и загрејте ја напивката во микробранова или на шпорет.
Тргнете го сирупот од рингла и додајте мед.
Измешајте, па повторно ставете го да се грее.
Немојте да ги пиете сирупот премногу топол. Најдобро е да биде на собна температура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.