Сите ги знаеме овие брендови, но не и него: Кој е Франсоа Пино- човекот кој без мака даде 100 милиони евра за обнова на Нотр Дам

По страшниот пожар што ја пеплоса француската катедрала Нотр Дам сместена во Париз сопругот на актерката Селма Хаек вети дека ќе донира 100 милиони евра за повторна изградба на катедралата.
Но, сите се прашуваат кој е Франсоа Анри Пино?
Тој е роден на 28 мај во 1962-та година во Франција и е бизнисмен како и син на богаташот Франсоа Пиноа (82) сопственик на неколку звучни корпорации во светот.
За пример „Керинг С.А“ е меѓународен луксузен ланец со седиште во Париз кои ги поседува брендовите како „Gucci“, „Yves Saint Laurent“, „Balenciaga“, „Alexander McQueen“, „Bottega Veneta“, „Boucheron“, „Brioni како и Pomellato“.
Следна од фирмите кои гласат на негово име е „Groupe Artemis“ која се занимава со аукција на луксузни ликовни дела.


Има дипломирано на факултетот за Менаџмент во 1985-та година, а по факултетот има служено и војска.
Тој исто така е сопственик и на фудбалскиот клуб Рен, а во септември 2018 година неговото богатство се проценило на 30, 6 милиони долари.
Неговиот татко тежи нешто повеќе, па неговото богатство се проценува на 35,4 милијарди долари.
Пино од 2009 година е во брак со актерката Селма Хајек, а со неа ја има и ќерката Валентина, но освен Валентина тој има уште три други деца.


Неодамна се шпекулираше дека тој поради не признавање на синот кој го добил со некогашниот супер модел Линда, плаќал алиментација од неверојатни 46 илјади долари за да му обезбеди месечно дадилка и обезбедување на синот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.