четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сите грешиме: Еве на колку степени треба да се перат алиштата во машина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Непишаното правило кое со генерации се пренесува вели дека шарените и црните алишта треба да се перат на 40 степени, а белите и многу валканите на 60.

Сепак, изгледа дека ова правило е застарено и повеќе не важи. Според новите спроведени студии, перењето алишта на 60 степени е сосема непотребно.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Како прва причина се наведува безпотребното трошење на електрична енергија, а покрај тоа дури и најтврдокорните дамки може без проблем да се исперат на 40 степени.

Особено доколку користите модерни машини за перења алишта, како и течни детергенти кои ги отстрануваат нечистотиите.