Сите знаат каде е Боки 13, ама знае ли некој каде му е најверниот другар: Каде исчезна Сергеј Варошлија?

Се знаат оддамна, ама последниве година ипол -две, беа неразделни. Како грнче и капаче, како петок и сабота… Беа како како „г*з и гаќи“ што би рекол народот, како браќа… До душа „топли“ – тврдат некои, ама тоа е нивна лична работа. Аферата „Рекет“ што ја стресе земјава ги раздвои, а нивната дружба ја оневозможена на „неодредено“ време.
За Боки 13 сите знаат каде се наоѓа во моментов, но знае ли некој каде е неговиот моден ангел чувар, Сергеј Варошлија? Емисијата на „модниот гуру“ му заврши пред аферата „Рекет“ и да почне, па уште оттогаш не го гледаме на ТВ екраните. Потоа, видовме дека дружбата со Боки 13 тече по постираните фотографи


и и видеа од разни локации, воглавно по Грција и грчките плажи.Но, откако Боки 13 „падна“, Сергеј исчезна! И тоа преку ноќ! До душа во моментот на лишување од слобода на „Тредичи“ на граничниот премин Богородица, Сергеј не бил со него во џипот, со кој Боки и двочлената женска придружба тргнале на грчкиот остров Миконос. Тоа ги подгрева теориите дека „другарчињата“ уште претходно ја „спукале“, како што тврдат поединци, иако оваа теза не е ниту докажана, ниту потврдена!
Други пак велат дека Сергеј толку се потресол и исплашил, што бил на работ „да му пукне душата“… Што по другарчето, што заради себе, па решил едноставно да исчезне на некое време од јавниот живот и тоа се’ уште трае…


„1ТВ“ оддамна „испуши душа“, а телевизијата повеќе не е ниту во сопственост на старите сопственици или барем на оние, што така се преставуваа и „оди на добош“. Порталот на 1ТВ е се’ уште активен, ама само фиктивно… И таму Сергеј оддамна го нема!
Како што преку ноќ го снема и од социјалните мрежи, па неговите профили на Фејсбук и Инстаграм останаа „замрзнати“ речиси без нови објави!


Нема нови постови, фотографии, коментари… Нема ништо освен временска празнина!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.