“Сите мислат дека е лесно да се биде домаќинка, но некогаш се заклучувам во купатилото и вриштам”

Бриџит Ен на Фејсбук објавила фотографија на која е расплакана и коментар: “Сите мислат дека е лесно да се биде домаќинка и дека сме среќнички што не мора да работиме. Ние сме мрзеливи и немаме вистинска работа”. Фотографијата и описот на домаќинката ги споделиле повеќе од 60.000 луѓе.
“Вистината е дека сум осамена и преоптоварена. Ништо не можете сами – не можете да одите во тоалет, да уживате во шолја кафе, да читате, по ѓаволите, не можете дури ни да бидете сами бидејќи по трет пат тој ден ја перете нечистотијата од панталоните, а некој плаче или вришти покрај вашите нозе. Немате време за пауза, освен кога тие спијат, а паузата ја користите за чистење. Се обидувате да смислите начини како да забавувате некој 12 часа дневно”, напишала мајката која е домаќинка.

Додала и дека поради детето ја изгубила личноста бидејќи сега апсолутно сè се врти околу него. Признала и дека е љубоморна кога ги гледа мајките кои се вработени бидејќи буквално фантазира за разговор со возрасна личност, а притоа некој да не ја прекинува во разговорот.
“Понекогаш се заклучувам во купатилото и вриштам во пешкир додека плачам бидејќи ми треба секунда воздишка, а тогаш детето ми тропа на вратата за да влезе”, открила Бриџит.
“Некогаш и јас ги осудував домаќинките, но сега ги разбирам. Сите оние кои ви ветиле помош исчезнуваат, а вие останувате сами со чувството на неуспех. Мојата куќа не е чиста, садовите не се измиени. Денеска вриштев, плачев и се чувствував толку проклето виновно што моето дете беше сведок на сето тоа. Но, јас сум сама… и осамена. Јавете им се на останатите жени како мене и прашајте ги како се. Не се добро”, заклучила Ен во својата Фејсбук објава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.