Сите се прашуваат дали клима уредите шират коронавирус – професорка објасни како овие апарати влијаат на епидемијата

Проф. д-р Маја Тодоровиќ од Машинскиот факултет во Белград објаснила за РТС како клима уредите може да го вратат вирусот кој паднал на подлога во воздух.
Сепак, клима уредите може да имаат и позитивен ефект, истакнува професорката.
Таа вели дека пандемијата коронавирус не менува ништо кога станува збор за чистење на клима уредите дома.
„Ништо не се менува кога се домашните клима уредите во прашање – уредите кои работат со собниот воздух. Нема начин нечистотијата од надвор да се внесе во домот преку клима уредот, туку само од самиот простор. Ако имало нечистотија, ќе циркулира низ уредот“, наведува Тодоровиќ.
Укажува дека коронавирусот има голема специфична тежина и дека може да остане во филтерот, ако струењето на воздухот го подигне од подлогата.


Таа објаснила и дека сами можеме да ги исчистиме филтерите со топла вода и средство за миење садови, но дека најмалку еднаш годишно треба да се викне сервисер да го исчисти разменувачот на топлина.
Кога станува збор за клима уредите во автомобилот, нивните филтери се менуваат најмалку еднаш годишно, на технички преглед. Тие уреди функционираат поинаку, затоа што надворешниот воздух влегува во возилото.
„Прашање е дали е контаминиран надворешниот воздух. Овој вирус поради тежината кратко се одржува во воздухот“, напоменува Тодоровиќ.
Во големите простории како трговските центри постојат централни коима уреди, кои е потребно да бидат дезинфицирани пред враќањето на вработените.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.