Сите фази на женскиот сексуален живот

Сексуалниот живот на жените поминува низ одредени фази во кои наизменично се јавува период на страсти и недостаток на сексуална желба.

Како и се друго, и сексуалниот живот на жените поминува низ одредени фази во кои наизменично се јавува период на страсти и недостаток на сексуална желба. Сето тоа има малку врска со годините, а повеќе со некои други околности, нивото на самодоверба, ситуацијата на работното место, односите со партнерот. Сепак постојат фази низ кои секоја жена мора да помине.

Адолесцентска фаза
Оваа фаза не се однесува на тинејџерите туку го означува степенот на заслепеност, односно губење на разумот и препуштање на чувствата. Не е тешко да се препознае бидејќи освен тинејџерското држење за раце и вљубени погледи тука е и страствениот секс кој го пополнува распоредот и остава малку време за разговор.

“Погледни ме” фаза
Конечно не мора да бидете послаби за да бидете задоволни. Го прифаќате својот изглед и сметате дека вашето тело изгледа сосема добро. Позитивниот став и однос кон себе го менува и односот кон сексот. Ако не го сакате своето тело не може да уживате во сексот. Позитивно расположени влегувате во фазата од сексуалниот живот во која почнувате да уживате во сексот.

“New move” фаза
Таа се случува кога сте во сериозна врска, кога ви се разработува фантазијата и со партнерот се обидувате да ги остварите фантазиите за кои до сега сте премолчувале дека ги имате. Во оваа фаза жената се ослободува од сите инхибиции и сексот почнува да го доживува со сите сетила.

Фаза во која жалите за она што го пробавте
Проширувањето на сексуалните граници и балансирањето помеѓу социјално прифатливото и забрането однесување може да ви ги отвори очите и да ви помогне да ги откриете сопствените граници. Многу жени доживуваат разочарување од сексуалното искуство во кое пробале нешто што не им се допаѓа само за да му удоволат на партнерот.

Фаза на “секс на екс”
Во некои моменти од животот недостига време и трпение за долга предигра, па се јавува фазата во која ќе уживате во сексот на брзина кој е страствен, експлозивен и остава време и за други нешта.

Фаза на “удобен” секс
Во долгите врски луѓето развиваат посебен однос во кој не се потребни премногу зборови, едноставно знаат како да го задоволат партнерот и што му се допаѓа. Оваа фаза се случува по повеќе години поминати заедно, но може да дојде и по само неколку месеци врска. Фазата на удобен секс може да биде здодевна, но како и другите и таа е само минлива фаза.

Повеќе текстови на оваа и слични теми

прочитајте на ПУЛС24 тука!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.