сабота, 28 ноември 2026
Најново

СИТУАЦИЈАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА- интернисти од Скопје ќе помагаат во Инфективното одделение во Штип

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во последните 24 часа во болнички услови како последица на Ковид-19 починале 5 пациенти на возраст од 48 до 76 години. Институтот за јавно здравје денеска бележи намалување на процентот на новозаразени и денеска има 102 дијагностицирани од 1356 тестови, или 7,5 проценти од тестираните.
Најмногу се во Скопје 39, а 11 во Куманово. Повторно е двоцифрена бројката и во Штип каде има 13 нови случаи и градот на текстилната индустрија е втора општина по број на активни случаи во државата. Има 419 лица кои се уште се позитивни на Ковид-19, а полно е и Инфективното одделение во Штипската болница.


Од утре на испомош на лекарите ќе пристигнат и двајца интернисти од Здравствен дом Скопје бидејќи во моментот во Штип на болничко лекување има 49 пациенти со корона вирусот.
Освен во ГОБ „8ми септември“, 87 пациенти има и на Инфективна Клиника од кои 40 се на кислородна поддршка, 10 возрасни и 4 деца се хоспитализирани во болницата во Козле а 207 заразени и сомнителни на Ковид-19 се низ останатите инфективни одделенија во државата.
Институтот за јавно здравје денеска регистрирал и 99 оздравени пациенти со што бројката на активни случаи во моментот е 4181.

Поврзани вести