Американскиот вицепретседател Џеј Ди Венс изјави во интервју за Newsmax дека падот на берзата, кој беше најголемиот од 2020 година, представува само еден изолиран случај. „Претстојниот период ќе донесе продолжен раст на берзата, бидејќи влегуваме во фаза на реинвестирање во американската економија“, додаде тој. Вицепретседателот потенцираше дека просперитетот на Волстрит е од суштинска важност за владата, меѓутоа основен приоритет остануваат американските работници и малите бизниси, кои ќе бидат главните корисници на владините политики. Венс истакна дека воведените царини би можеле да бидат значително поголеми, сепак претседателот Трамп избрал да покаже дека САД се подготвени да бидат флексибилни во некои аспекти.
Пронајдете не на следниве мрежи: