Сијарто: Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес изјави дека Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија, без оглед на, како што изјави, заканите на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Неговите изјави ги пренесе руската државна агенција ТАСС.

На прес-конференцијата, коментирајќи го говорот на Зеленски на состанокот на амбасадорите претходниот ден, Сијарто рече дека украинскиот претседател одржува „непријателски став кон Унгарија, унгарската нација и Унгарците што живеат во Закарпатија“, пренесува МТИ.

„Јасно е дека тој се однесува кон Унгарија и Унгарците како кон непријатели“, рече Сијарто.

Пронајдете не на следниве мрежи: