Сегашната унгарска влада нема да дозволи Украина да стане членка на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, коментирајќи го новиот извештај на Европската комисија за проширувањето на ЕУ и намерата на Брисел да започне преговори за пристапување со Киев до крајот на 2025 година.
„Унгарскиот народ јасно стави до знаење дека не сака Украина да биде членка на Европската Унија.
И бидејќи прашањето за проширувањето на ЕУ бара консензус од сите земји-членки, а Унгарија и унгарскиот народ јасно ставија до знаење дека не го поддржуваат членството на Украина во ЕУ, Украина нема да стане членка на Европската Унија“, изјави Сијарто.
Претходно, шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, изјави дека Албанија, Молдавија, Украина и Црна Гора би можеле да се приклучат кон Европската Унија до 2030 година.



