Со санкционирање, одговорност, важење на правдата и за оние на највисоки позиции, а не со нејзино избегнување и со сериозно преиспитување на потеклото на имот може да се надминат проблемите, смета претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
– Секој кога ќе стапи не само на определена функција, на определена работа, лесно е да се провери со што влегол, како излегол и дали е тоа можно. Не се чудам јас на огромните пари на некои ликови во светската политика, врзани за вештачки интелигенции и така натаму, ама кога ќе видите профили што од својата работа апсолутно не би можеле да го заработат, да го стекнат богатството, сигурно дека тоа треба да се испита. А понатаму тие цврсто се држат за богатството бидејќи филозофијата им е дека со парите може сè да купат и некако добиваме впечаток дека правдата не ги стигнува сите. Тоа мора да се надмине, вели Сиљановска-Давкова во интервју за МИА.
Вели дека ако не решиме да раскрстиме со партизацијата и политизацијата тогаш само ќе се вртиме во круг.
Единственото решение за ниската доверба во правосудството, Сиљановска-Давкова го гледа во сериозните реформи што треба да се направат.
The post Сиљановска-Давкова: Ако не решиме да раскрстиме со партизацијата и политизацијата ќе се вртиме само во круг appeared first on Provereno.



