Денот на белиот стап е потсетник дека разликите не не делат туку не зближуваат и прават побогати. Да создадеме и живееме во општество каде секој чекор, глас и допир се чувствува, оти има значење. Нема хендикепирани луѓе, има хендикепирано општество. Крајно време е од оваа држава да направиме пристојно место за сечиј живот, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на отворањето на настанот по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, организиран од Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје.Белиот стап, нагласи Сиљановска-Давкова, ја симболизира слободата и овозможува независност, но и обврска дека 4 илјади наши сограѓани заслужуваат наши конкретни чекори.„Затоа денешниот ден не е само одбележување, тој не потсетува дека вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето. Тој е повик до сите да ги отвориме очите и го видиме светот со емпатија. Да не заборавиме белиот стап симболизира достоинствен животен пат, но и обврска да создадеме градови што се пристапни и хумани“, порача Сиљановска Давкова.Посакувам, порача Сиљановска-Давкова, сите да подаваме раце кога е потребно, да бидеме глас на оние што не се слушаат доволно, да бидеме светлина и да дадеме почит на сите оние кои со оштетен вид секојдневно ни покажуваат дека животот не се мери со она што го гледаме, туку со она што го чувствуваме.
Пронајдете не на следниве мрежи:



