Сиљановска-Давкова во Казахстан: Средба со Токајев и учество на форумот „Астана 2025“

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска престојува во работна посета на Република Казахстан. Утре таа ќе се сретне со претседателот Касим-Жомарт Токајев и ќе учествува на Меѓународниот форум „Астана 2025“.
На 29 мај, Сиљановска-Давкова ќе се обрати на пленарната сесија на форумот, која ќе ја отвори токму претседателот Токајев. Меѓу говорниците се и претседателот на Руанда Пол Кагаме, премиерот на Катар шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, генералниот секретар на ОЕЦД Матијас Корман и поранешниот генерален секретар на ОН Бан Ки-мун.
Форумот „Астана 2025“, кој ќе се одржи на 29 и 30 мај под мотото „Поврзување на умовите, обликување на иднината“, има за цел промовирање на мултилатерализмот и колективно дејствување во справување со глобални предизвици како геополитичките тензии, климатските промени и економската нестабилност.
The post Сиљановска-Давкова во Казахстан: Средба со Токајев и учество на форумот „Астана 2025“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: