Претседателката на државата вели дека ги предложила Алинда Кадри Шакиновиќ и Сузана Јошевска Анастасовска за членки на Судскиот совет затоа што се стручни и компетентни.
Двете кандидатки не ги предложив затоа што се жени, туку, пред сè, поради нивната стручност и компетентност, рече Сиљановска – Давкова денеска пред пратениците.
Изборот, како што рече, го направила во согласност со високата професионалност и нивниот личен кредибилитет.
Претходно, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски изјави дека очекува професионализам и придонес во работата на ова тело и дека верува во изборот на претседателката иако за предлозите дознал од медиумите.
– Претседателката е пред се правник и професор. Не се сомневам во нејзиниот избор и верувам дека избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, изјави Камбовски.


