Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија.
Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и поцврста поврзаност со македонските институции.
За Сиљановска-Давкова, географската дистанца не значи и духовно оддалечување од татковината, оти човек може физички да замине од својата земја, но таа не заминува од него.
Таа посочи дека врските со дијаспората мора да се негуваат, да се шират и да се продлабочуваат, без оглед на етничкото потекло, јазикот или генерацијата на која ѝ припаѓаат иселениците.
Дел од присутните ја истакнаа подготвеноста, преку различни проекти, да ги споделат стекнатите знаења и искуства со македонските граѓани, како и својата експертиза и професионалните контакти да ги стават во функција на унапредувањето на трговската размена и поефикасното користење на европските фондови.
Претседателката потенцираше дека дијаспората не смее да биде само набљудувач на општествените процеси, туку активен и рамноправен партнер во нивното обликување, преку институционално поврзување, размена на знаења и искуства и непосредно учество во креирањето политики.
The post Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: