Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на социјалната мрежа Фејсбук објави дека присуствувала на свечена вечера организирана од францускиот претседател Емануел Макрон.
-Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир.
Само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите, напиша Сиљановска.



