Сиљановска ја честиташе независноста на Косово

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, му ја честиташе на Косово 18-годишнината од прогласувањето на независноста, со порака дека се радува на продлабочување и зајакнување на партнерството во интерес на граѓаните.

„Ви честитам на 18-годишнината од прогласувањето на независноста на Република Косово. Ви посакувам стабилност и просперитет“, напиша Сиљановска Давкова на социјалната мрежа „X“. Таа изјави дека Косово и Македонија „како пријателски земји“, ги негуваат добрососедските односи и работат на исполнување на заедничката визија за европска интеграција на регионот.

„Се радувам на понатамошно продлабочување и зајакнување на нашето партнерство во интерес на нашите граѓани“, додаде Сиљановска Давкова, која синоќа присуствуваше на прием по повод 18-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово организиран од Амбасадата на Косово во Скопјe.

Пронајдете не на следниве мрежи: