Си поставиле маса на сред пат и се скамениле, во време на полициски час

Си поставиле маса на сред пат и се скамениле, во време на полициски час

На 18.04.2020 година во 21,00 часот во СВР-Битола, З.И. (39) од Прилеп, пријавил дека истиот ден додека заедно со неговиот татко В.И. (66) од Прилеп, се движеле со возило од село Тројкрсти кон Прилеп, на патот наишле на паркирано патничко моторно возило  “фолксваген голф“ при што на самиот пат имало поставено маса на која што седеле две  лица кои конзумирале  алкохол.

Притоа З.И. ги замолил да го тргнат возилото со цел да можат да поминат, но истите одбиле да го тргнат возилото . Тогаш В.И му рекол на својот син да повика полиција, но во тој момент лицата физички ги нападнале при што на В.И му нанале видливи повреди во пределот на главата.

Едното  лице му го зел телефонот на З.И. а другото  лице зело од масата нож и почнало да трча кон него, по што тој почнал да бега. Двете лица повторно го нападнале В.И. удирајќи го насекаде и цело време замавнувале со ножот со цел да го повредат. По кратко време З.И. и В.И. успеале да побегнат кон селото Тројкрсти и настанот го пријавиле во полиција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.