Скандал во училиште во Виена: Учеле деца да разликуваат сексуална ориентација, родителите бесни

Родителите не биле однапред информирани за ова, а децата на возраст од 12 до 14 години морале да ја погодат сексуалната ориентација на двајца возрасни предавачи. Резултатот – една излегува „пансексуална“ и една бисексуална жена. За работите да бидат уште побизарни, контроверзниот курс бил финансиран со пари на даночните обврзници.Како што пишува Heute, работилниците „queerfacts“ се дел од едукативниот проект кој се занимава со спречување на екстремизмот и сексизмот – финансиран од Федералното Министерство за социјални работи, здравство и заштита на потрошувачите. Користејќи метод кој може да се нарече необичен, учениците се обидоа да ја погодат сексуалната ориентација на нивните соговорници како дел од тестот. На својата официјална веб-страница „queerfacts“ наведува дека надоместокот за една работилница е 390 евра по час – што најверојатно се плаќа од државниот буџет.Резултатот не ѝ се допаднал на една мајка, чие дете го посетува тоа училиште. Мајката преку училишна апликација била информирана за два дена посветени на културата и меѓусебното почитување, кои се одржале на 12 и 13 март. Сепак, наставниците и училишната управа не ја спомнале работилницата за сексуалност.„Ќерка ми дојде дома вознемирена и ми кажа за пансексуалец од нејзиниот клас“, рекла мајката.По работилницата, таа мораше да почне разговор за сексуалноста со своето дете. Особено поради возраста и потеклото на нејзините школски другари, ситуацијата станала непријатна.„Мојата ќерка веќе е речиси единствената Австријка во класот, а сега децата, без претходна најава или согласност од родителите, мораа да зборуваат за пансексуалноста. Начинот на кој се водеше работилницата секако не беше во духот на она што беше првично замислено“, изјавила мајката.ФПО бара оставкиНа политички план оваа работилница за пансексуалност предизвика бурни реакции. Лидерот на виенскиот огранок на ФПО, градскиот советник Доминик Кнап, бара итна оставка од градскиот секретар за образование, млади, интеграција и транспарентност, Бетина Емерлинг (НЕОС) и директорката за образование на градот Виена, Елизабет Фукс.„Најостро го осудуваме предвременото сексуално образование на децата во училиштата. Сексуалноста не е игра на погодување за учениците“, рече Кнап.Тој, исто така, смета дека е неприфатливо родителите да не се информирани за „ваквите методи на учење“, кои тој ги нарекува „трансродова пропаганда“.

Пронајдете не на следниве мрежи: