Скандал: Медицинска сестра сакала што е можно побрзо да направи селфи со новороденчето

Една медицинска сестра веднаш после породувањето, на социјалните мрежи објавила фотографија со бебето, не забележувајќи дека жената која штотуку се породила никако не била подготвена за камера.
Додека некои родители едвај чекаат да го фотографираат новиот член на семејството и да го споделат со светот, други повеќе сакаат после тешкиот пораѓај, прво малку да се одморат.
Меѓутоа, една медицинска сестра не можела да чека ниту секунда повеќе после породувањето, па веднаш ја објавила фотографијата со новороденчето.


Тоа не би било ништо лошо, доколку позади неа не се гледа мајката како лежи на болничкиот стол, која штотуку завршила со најтешката но и најубавата задача на една жена, потполно неспремна за фотографирање.
„Некои луѓе толку брзаат за да постават фотографија од бебето на Фејсбук што дури забораваат на некои важни работи пред да ја споделат“, пишува во описот на фотографијата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.