СКАНДАЛ! Продуцентот на Бијонсе уапсен со 15 обвиненија за сексуални напади

Продуцентот Дител е уапсен во Лос Анџелес, откако беше обвинет 15 пати за силување и малтретирање.

Музичкиот продуцент и добитник на Греми Дител (41) беше уапсен во средата за серија наводни сексуални напади, вели шерифот од Лос Анџелес. 

Имено, продуцентот чие вистинско име е Ноел Кристофер Фишер, продуцираше многу хитови за мега ѕвездата Бијонсе (38) и раперот Лил Вејн, како и други познати музичари, и се издвои кога ја освоија Греми за песната “Drunk In Love”  на Бијонсе за најдобар Рнб песна и најдобра изведба на Рнб сцената за 2015 година.

Кауцијата да се одбрани од слобода изнесува 6,3 милиони долари и тој е обвинет за 15 сексуални напади, кои, наводно, се случиле меѓу 2010 и 2018 година.

Дител е активен во музичката индустрија од 2005 година и продуцира песни за Реј Џеј, Лејди Гага, Џенифер Лопез и многу други.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.