Скопјанец возел со 244 километри на час на автопатот Скопје – Гевгелија на место каде било дозволена брзина од 120 километри на час. Возилото е одземено а против 21-годишниот возач ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
– На 13.06.2026 во 20:00 часот на автопат Скопје – Гевгелија, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Р.(21) од село Батинци, општина Студеничани. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека И.Р. управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 244 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
The post Скопјанец возел со 244 километри на час, возилото одземено appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



