Скопјанец со нож повредил малолетна девојка со која живеел во вонбрачна заедница во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 31-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“.

– Тој, на 14 февруари 2026 година, околу 18:00 часот во Струга со нож нападнал 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди. Напаѓачот е лишен од слобода и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 1,82 промили алкохол во крвта, информираат од МВР. 

Пронајдете не на следниве мрежи: