Скопјанец со 40 мигранти во камион фатен кај Штип

Вчера околу 14:30 часот на регионалниот пат Штип – Радовиш, на место викано „6-ти километар“, полициски службеници запреле товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(46) од с.Петровец, Скопско.
При контрола во возилото биле пронајдени 40 мигранти (26 од Пакистан, 10 од Сирија и 4 од Египет), од кои 12 се малолетници. Возачот на товарното возило бил приведен и задржан во Полициската станица Штип, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.