Скопјани и синоќа се гушеа

Загаденоста на воздухот беше четири пати над дозволеното, па граѓаните на Скопје и вчера вечер се гушеа во загаден воздух. Иако дозволената граница на ПМ 10 честичките изнесува 50 микрограми на метар кубен во неколку скопски општини регистрирани се екстремно високи концентрации на овие отровни честички. Кај Ректорат се измерени 206 милиграми на метар кубен , во Карпош 191, додека во Центар 171 милиграми на метар кубен.
И покрај тоа што сите надлежни институции кои треба да ги заштитат граѓаните од ова алармантно аерозагадување кое влијае на нивното здравје постојано повторуваат дека имат план и стратегија според кои се раководат за надминување на состојбата, и дека реагираат во доменот на своите ингеренции, граѓаните како и минатата година, не гледаат никаков резултат.
И покрај дадените ветувања во предизборниот период на локалните избори дека ќе го решат проблемот со загадениот воздух градските власти се уште немаат најдено соодветно решение. Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, смирува и порачува дека и тој ја споделува маката со скопјани и дека и тој го дише истиот загаден воздух.
Покрај во главниот град високи концентрации на ПМ 10 честички се измерени и во Куманово, Струмица и Битола. Во Струмица се измерени дури 321 милиграми на метар кубен, во Куманово 254 и во Битола 206 милиграми.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.