Скопјани ја прославија Новата година, зад себе оставија 40 кубни метри отпад

Додека јас и останатите, да не навредувам какви уште на првиот ден од новата година, со денови ја носам обвивката од бонбона во чанта или во џебот од палтото повеќето, очигледно не сметааат дека така треба. Токму заради тоа вработени во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје новогодишната ноќ и првото јануарско утро го дочекаа, и тоа како,  работно. Секоја година, на 1 јануари, по завршувањето на новогодишната прослава екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го собираат отпадот и го метат градскиот плоштад. А, работа колку ти душа сака.
-За време на ноќната и утринската смена собраа и транспортираа речиси 40 кубни метри најразличен отпад од новогодишната населба „Winterland“, градскиот плоштад, улицата „Македонија“ и Старата чаршија, информираа од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Е па што да кажеме? Кој каков си е, таков си е-секаде. Децата се воспитуваат дома, а се учат на училиште. На плоштадот прославуваа и возрасни, па ако не научиле до сега не се надевајте-нема ни да научат. Што? Па, на пример дека и на вработените од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денес им е Нова година. Барем тоа, ако ништо друго. Нели сите во Новата година си посакуваме се најдобро?!?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.