Отпадот во главниот град долго време не се чисти како што треба, што претставува ризик за здравјето на граѓаните, вели епидемиологот Сашко Олумчев. Воедно, тој апелира до надлежните органи што поскоро да преземат мерки, бидејќи ризикот за граѓаните е голем со ширењето на глодари и разни инсекти.
„Доколку состојбата со неисчистениот отпад во главниот град продолжи вака, глодарите и другите штетни инсекти би можеле да се шират, што би претставувало ризик за јавното здравје во Градот. Еднаш разговаравме за ова прашање, но го повторуваме со апел до надлежните органи да преземат мерки што би послужиле што е можно поскоро, а тоа ќе бидат интервентни мерки за интервенција во областа на општинската хигиена, со цел да се спречи епидемиолошкиот синџир, според кој се водиме, со цел да се спречи ризикот од ширење на глодари, што би предизвикало голем проблем“, изјави епидемиологот Сашко Олумчев.
Според неколку спроведени анализи, со ширењето на глодарите во главниот град, доколку не се преземат мерки за чистење на отпадот, Олумечев нагласи дека бројот на глодари би можел да се прошири во големи размери.
„Првите анализи, кои беа базирани на две недели, беа дека ако продолжиме со ова темпо, ќе започнеме со популација од глувци. Зедовме бројка од 100 глувци и рековме дека прво ќе правиме анализи по една година, потоа по две, три, до четири или десет години, а анализите покажаа дека на ова ниво, со овој репродуктивен капацитет на овие глодари, бројот многу брзо ќе се зголеми ако не интервенираме во тој дел од нивната околина што им овозможува непречено да се размножуваат, развиваат, хранат и засолнуваат. За само една година, од 100 глувци, тие би се зголемиле на 3.500, што е прилично висок број“, нагласи епидемиологот Сашко Олумчев.
Според епидемиологот Олумчев, треба да се преземат итни мерки за собирање на отпадот и дивите депонии, да се дератизираат клучните места каде што се наоѓа овој отпад, местата што се најкритични во близина на училиштата, во близина на пазарот итн. Граѓаните треба да одржуваат хигиена и да користат маски и ракавици при контакт со отпад.
The post Скопје е преполно со ѓубре! Епидемиолози: Ова е ризик од ширење на глодари appeared first on Во Центар.



